1. Асафов псалм. Боже, незнабожците, ете, навлегоа во Твоето наследство, го запустија Твојот Свет Храм, го претворија Ерусалим во урнатини.
2. Мртвите тела на Твоите слуги им ги дадоа за храна на небесните птици, месото на Твоите свети на земските ѕверови.
3. Им ја пролеваа крвта како вода околу Ерусалим, и немаше никој, за да ги погребе.