7. својата надеж да ја положат на Бога и да не ги забораваат Божјите дела, туку да ги исполнуваат Неговите заповеди,
8. и да не бидат - како нивните татковци - упорно и непокорно поколение. Поколение непостојано со срцето и со духот неверно на Бога.
9. Ефремовите синови, воини со лакови, ги свртија плеќите во денот на битката.
10. Не го додржаа Заветот со Бога и не сакаа да одат според Неговиот Закон.
11. Ги заборавија Неговите дела, чудата што им ги покажа.
12. Пред нивните очи правеше знаци во Египет, во Полето Зоан.
13. Тој го раздвои морето и ги преведе, ги издигна водите како насип.
14. Дење ги водеше со облакот, а цела ноќ со блескав оган.
15. Расцепи карпа во пустината и ги напои изобилно како од бездните.
16. Извади потоци од стената, и направи да протечат води како големи реки.
17. А тие продолжуваа да грешат, го огорчуваа Сèвишниот во пустината.
18. Го искушуваа Бога во своите срца, барајќи јадења за својата лакомост.
19. Зборуваа против Бога и прашаа: „Може ли Бог да стави трпеза во пустината?
20. Ете, Тој ја удри карпата, и водата потече и потоците се прелеваа: а може ли да даде леб и да му достави месо на Својот народ?”
21. Кога Господ го чу тоа, пламна со гнев: оган се распали против Јакова, гневот се разјари против Израела,
22. Зашто не Му веруваше на Бога, ниту се надеваа на Неговата помош.
23. Па му нареди, одозгора, на облакот, и ги отвори небесните брани,
24. како дожд излеа врз нив да јадат мана, и ги нахрани со небесниот леб.
25. Човекот јадеше ангелски леб; Тој им даде храна до ситка.
26. Го разбуди на небото источниот ветер, и со сета сила го доведе југот.
27. Истури врз нив месо како прав, и крилести птици како морски песок.