Псалми 78:31-42 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

31. кога Божјиот гнев се распали на нив: ги покоси со смрт нивните прваци, и ги погуби Израелевите момчиња.

32. Покрај сè тоа, грешеа натаму и не веруваа во Неговите чудесни дела.

33. И им ги приврши дните со еден здив, и нивните години со ненадежен свршеток.

34. Кога ги убиваше, Го бараа, и пак прашуваа за Бога;

35. си спомнуваа дека Бог е нивна карпа и Сèвишниот нивен Откупител.

36. Но пак Го измамуваа со својата уста и Го лажеа со својот јазик.

37. Нивното срце не беше наполно со Него, ниту беа верни на Неговиот Завет.

38. А Тој милостиво им го проштаваше гревот и не ги погубуваше; често го воздржуваше Својот гнев, за да не пламне со сета жестина.

39. Си спомнуваше дека се тело, и здив што заминува и не се враќа веќе.

40. Колку Го огорчуваа во пустината, и Го жалостеа во безводен крај!

41. Сè наново Го искушуваа Бога и Го ограничија Израелевиот Светец,

42. не спомнувајќи си за Неговата рака, ни за денот кога ги избави од непријателите,

Псалми 78