Псалми 78:22-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Зашто не Му веруваше на Бога, ниту се надеваа на Неговата помош.

23. Па му нареди, одозгора, на облакот, и ги отвори небесните брани,

24. како дожд излеа врз нив да јадат мана, и ги нахрани со небесниот леб.

25. Човекот јадеше ангелски леб; Тој им даде храна до ситка.

26. Го разбуди на небото источниот ветер, и со сета сила го доведе југот.

27. Истури врз нив месо како прав, и крилести птици како морски песок.

Псалми 78