Псалми 75:8-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Зашто во Господовата рака е чашата полна со пенушливо вино, добро измешано; Тој напојува од неа, до капка ќе ја испијат и ќе ја исцедат сите злосторници на земјата.

9. А јас ќе извикнувам радосно довека, ќе Му пеам на Јакововиот Бог.

10. Ќе им ги скршам роговите на безбожниците, а роговите праведнички ќе бидат возвишени.

Псалми 75