Псалми 75:2-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. „Кога ќе го одредам времето, ќе судам право.

3. Па нека се стресе земјата со сите свои жители, Јас ги зацврстив нејзините столбови.

4. Ги опоменувам дрските: *Не бидете дрски!* Безбожниците: *Не бидете толку рогливи!

5. Не кревајте го својот рог против небото, не зборувајте дрско и тврдоврато!*”

6. Зашто издигањето не доаѓа ниту од исток ниту од запад, ниту пак од пустината.

7. Бог е Кој суди: овој го понижува, оној го возвишува!

8. Зашто во Господовата рака е чашата полна со пенушливо вино, добро измешано; Тој напојува од неа, до капка ќе ја испијат и ќе ја исцедат сите злосторници на земјата.

9. А јас ќе извикнувам радосно довека, ќе Му пеам на Јакововиот Бог.

10. Ќе им ги скршам роговите на безбожниците, а роговите праведнички ќе бидат возвишени.

Псалми 75