Псалми 74:7-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Го предадоа на оган Твоето Светилиште, го онечистија до земја Живеалиштето на Твоето име.

8. Рекоа во своето срце: „Ги истребивме заедно; изгорете ги сите Божји светилишта на земјата!”

9. Не ги гледавме своите знаци, нема веќе пророци, и никој меѓу нас не знае до кога...

10. О Боже, уште до кога непријателот ќе се потсмева? Дали непријателот ќе го презира Твоето име довека?

11. Зошто ја повлекуваш раката и зошто ја криеш во крило Својата десница? Оттргни ја од своето крило, погуби ги!

12. Но, Бог е мој Цар од древноста, Тој, Кој спасува среде земјата!

Псалми 74