Псалми 73:7-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Од здебеленоста им испакнуваат очите, таа се прелева во срцето.

8. Тие се потсмевнуваат и зборуваат злобно, со насилства се закануваат одозгора.

9. Со устата се нафрлаат врз небото, а нивниот јазик ја обиколува земјата.

10. Затоа мојот народ се враќа и пие изобилно вода,

11. Па велат: „Од каде знае Бог? Сознава ли Сèвишниот?”

12. Ете, такви се грешниците: секогаш спокојни, збираат богатство.

13. И така, дали само јас го чував напразно моето срце чисто и ги миев рацете во невиност.

14. Кога примав удари секој ден, и казна утро по утро?

15. Да речев: „Ќе зборувам како нив,” ете, би бил предавник на родот на твоите синови.

16. И размислував како да го сознаам тоа: но ми се гледаше мачно во моите очи,

17. сè додека не најдов влез во Божјото Светилиште, и го согледав каков им е свршетокот.

18. Навистина, Ти ги поставуваш на лизгава патека, ги обрнуваш во пропаст!

Псалми 73