Псалми 73:4-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Никакво страдање не носат, нивното тело е дебело.

5. Не живеат во маките на смртниците, не ги удираат човечките неволји.

6. Затоа гордоста е ѓердан на нивниот врат, а насилството облека што ги покрива.

7. Од здебеленоста им испакнуваат очите, таа се прелева во срцето.

8. Тие се потсмевнуваат и зборуваат злобно, со насилства се закануваат одозгора.

9. Со устата се нафрлаат врз небото, а нивниот јазик ја обиколува земјата.

Псалми 73