2. А мене, за малку, ќе ми се сопнеа нозете, за малку ќе ми се лизнеа чекорите,
3. Зашто им завидев на злочинците, набљудувајќи го напредокот на грешниците.
4. Никакво страдање не носат, нивното тело е дебело.
5. Не живеат во маките на смртниците, не ги удираат човечките неволји.
6. Затоа гордоста е ѓердан на нивниот врат, а насилството облека што ги покрива.
7. Од здебеленоста им испакнуваат очите, таа се прелева во срцето.
8. Тие се потсмевнуваат и зборуваат злобно, со насилства се закануваат одозгора.
9. Со устата се нафрлаат врз небото, а нивниот јазик ја обиколува земјата.
10. Затоа мојот народ се враќа и пие изобилно вода,
11. Па велат: „Од каде знае Бог? Сознава ли Сèвишниот?”
12. Ете, такви се грешниците: секогаш спокојни, збираат богатство.
13. И така, дали само јас го чував напразно моето срце чисто и ги миев рацете во невиност.
14. Кога примав удари секој ден, и казна утро по утро?
15. Да речев: „Ќе зборувам како нив,” ете, би бил предавник на родот на твоите синови.
16. И размислував како да го сознаам тоа: но ми се гледаше мачно во моите очи,