Псалми 73:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Асафов псалм. Бог е навистина добар кон Израел, кон оние што имаат чисто срце!

2. А мене, за малку, ќе ми се сопнеа нозете, за малку ќе ми се лизнеа чекорите,

3. Зашто им завидев на злочинците, набљудувајќи го напредокот на грешниците.

4. Никакво страдање не носат, нивното тело е дебело.

5. Не живеат во маките на смртниците, не ги удираат човечките неволји.

6. Затоа гордоста е ѓердан на нивниот врат, а насилството облека што ги покрива.

7. Од здебеленоста им испакнуваат очите, таа се прелева во срцето.

Псалми 73