Псалми 71:8-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Мојата уста беше полна со Твојата фала, Те славеше секој ден!

9. Не ме отфрлај на старост: не ме оставај, кога ќе ми се намали силата.

10. Зашто моите непријатели зборуваат за мене, и кои ме дебнат, се советуваат сложно:

11. „Бог го напушти; гонете го и фатете го, зашто нема кој да го спаси!”

12. О Боже, не стој далеку од мене, Боже мој, поитај ми на помош!

13. Нека се засрамат и пропаднат кои го бараат мојот живот; нека се покријат со укор и срам оние, што ми сакаат зло!

14. А јас ќе се надевам секогаш, ќе Те фалам сè повеќе, и повеќе.

15. Со устата ќе ја проповедам Твојата правда, постојано Твоето спасение, зашто не им го знам бројот.

Псалми 71