Псалми 71:18-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Ни во староста, кога ќе обелам во косата, Боже, не ме оставај; за да раскажувам за Твојата мишка на идното поколение и на сите идни поколенија, за Твојата сила.

19. И за Твојата праведност, Боже, што стига до небото, со која направи големи дела. Боже, кој е како Тебе!

20. Многу и големи трпенија фрли врз мене: но Ти ќе ме оживиш пак и пак ќе ме кренеш од длабочината на земјата.

21. Зголеми го моето достоинство и утеши ме пак!

Псалми 71