Псалми 70:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началник на пејачи. Давидов псалм. Во спомен. О Боже, избави ме, Господи, побрзај ми на помош!

2. Нека се засрамат и збунат, сите кои ја бараат мојата душа! Нека отстапат и нека се засрамат, кои се радуваат на мојата несреќа!

3. Нека се повлечат, заради својот срам, оние, кои ми зборуваат: „Ха ха!”

4. Нека извикуваат радосно и нека се веселат во Тебе, сите кои Те бараат! Нека зборуваат секогаш: „Бог е величествен!” Сите кои го љубат Твоето спасение!

5. А јас сум беден и ништожен, о Боже, побрзај ми на помош! Ти си моја помош и спасител, Господи, не доцни!

Псалми 70