13. Но Тебе Ти се молам, Господи, во време на милоста Боже; услиши ме според Твојата голема добрина, според верноста на Твоето спасение!
14. Извлечи ме од калта, за да не потонам, избави ме од оние што ме мразат - од длабоките води.
15. Не оставај да ме покријат брановите, не оставај да ме проголта длабочината, не оставај бездната да ја затвори устата над мене!
16. Услиши ме, Господи, зашто е благо Твоето милосрдие, погледај на мене, според Твојата голема милост!
17. Не го скривај лицето пред Твојот слуга; зашто сум притеснет, услиши ме брзо!