6. Бог ќе ги настани осамените во семејства, на затворениците ќе им даде среќна слобода: само бунтовниците останаа во безводната пустина.
7. Боже, кога чекореше пред Својот народ, додека поминуваше низ пустината,
8. земјата се тресеше, небото росеше пред Бога, Синај трепереше пред Бога, Израелевиот Бог.
9. Боже, Ти испрати благословен дожд на Своето наследство, го зајакна кога беше уморно.
10. Твоето стадо се насели во него, со добрина Боже, Ти го подготви за сиромашниот.
11. Господ даде слово: големо е мноштвото на радосните известители:
12. Царевите на војските бегаат и бегаат, домаќинките го разделуваат запленетото.
13. Додека вие се одморувавте меѓу стадата, крилата на гулабицата заблистаа со сребро, а нејзиното перје со жолтикаво злато:
14. таму Сèмоќниот ги разбиваше царевите, а таа заблеска како снег на Селмон.
15. Божја планина е Васанската планина; високата Гора, е Васанска Гора.
16. Зошто вие, врвлести планини, гледате со завист на гората, каде Бог благоволи да живее? Господ ќе престојува на неа секогаш!
17. Божјите воени коли се безбројни, илјадници илјади: Господ доаѓа од Синај во Своето Светилиште!
18. Издигајќи се на височина, водејќи ги заробениците, Ти доби дарови меѓу луѓето, а и меѓу бунтовниците - за да се настаниш таму Господе Боже!
19. Благословен да е Бог од ден на ден, Бог нè носи, нашиот Спасител.
20. Нашиот Бог е Бог Кој спасува, Господ избавува од смрт.
21. Навистина, Бог ќе ги скрши главите на Своите непријатели, влакнестото теме на оној, што оди во гревови.
22. Господ рече: „Ќе ги доведам од Васан, ќе ги доведам од длабочината на морето,