Псалми 67:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началник на пејачи. На жичани свиралки. Псалм. Песна. Бог да ни се смилува и да нè благослови, да нè осветли со Своето лице,

2. за да го запознае целата земја Твојот пат, сите народи Твоето спасение!

3. Нека Те слават народите, Боже, нека Те слават сите народи!

4. Нека се веселат и воскликнуваат народите, зашто им судиш на народите со правда и ги водиш народите на земјата.

5. Нека Те слават народите, Боже, нека Те слават сите народи!

Псалми 67