Псалми 66:5-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Дојдете и видете ги Божјите дела: направи чуда меѓу човечките синови.

6. Тој го претвори морето во суво копно, со нозете ја пребродија реката, заради тоа да Му се радуваме!

7. Владее довека со Својата сила, Неговите очи ги набљудуваат народите, за да не се кренат бунтовни луѓе.

8. Благословувајте Го, народи, нашиот Бог, разгласувајте ја Неговата фала!

9. & дарува живот на нашата душа и не остави да ни се сопне ногата.

10. Ти нè искуша о Боже, нè искушуваше, како сребро, со оган.

Псалми 66