Псалми 66:14-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. што ги ветија моите усни, што ги заветува мојата уста во неволја.

15. Ќе Ти принесам паленици од мрсно, со мирис на овни, ќе жртвувам волови и јариња.

16. Дојдете, чујте, сите, што се боите од Бога, ќе ви раскажувам што и направи на мојата душа!

17. Со својата уста Го повикав Него, со јазикот Го фалев.

18. Ако мислев зло во срцето, Господ не би послушал.

19. Но Бог ме услиши: Обрна внимание на гласот на мојата молитва.

20. Благословен да е Бог, Кој не ми ја одби молитвата, Кој не ја отстрани од мене Својата милост.

Псалми 66