Псалми 65:6-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Ги утврдуваш планините со Својата јачина, препашан со сила.

7. Ги скротуваш: шумот на морето, шумот на брановите и вревата на народите.

8. Оние што живеат на крајот на земјата, се плашат од Твоите знаци; ги полниш со радост утрата и вечерите.

9. Ти ја посетуваш земјата и Ти ја напојуваш, ја збогатуваш неа многу. Божјата река се наполни со вода, Ти им обезбедуваш жито на луѓето. Вака ја подготви земјата:

10. и ги напојуваш браздите, и ги израмнуваш грутките; ја размекнуваш со дожд, и ги благословуваш посевите.

11. Ти ја овенча годината со Својата благост, плодност никнува зад Твоите стапалки.

12. Пустинските пасишта капат од изобилство, ридовите се препашуваат со радост.

Псалми 65