Псалми 61:5-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Зашто, Ти, Боже, ја послуша мојата молба, ми даде наследство како на оние, што го почитуваат Твоето име.

6. Придај дни кон деновите на царот, нека му трајат годините низ многу родови,

7. нека царува, пред Бога довека; испрати ги добрината и верноста да го чуваат!

8. Така ќе го славам секогаш Твоето име, секојдневно ќе ги извршувам своите завети.

Псалми 61