Псалми 6:6-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Се заморив од своите воздишки; секоја ноќ ја залевам со плачење својата постела; со солзи го натопувам своето легло.

7. Моето око гасне и слабее од жалост, зашто се многу моите непријатели.

8. Отстапете од мене сите, што правите беззаконие зашто Господ го чу мојот плач.

9. Господ ја чу мојата молба; Господ ја прими мојата молитва!

10. Нека се засрамат и нека се збунат сите мои непријатели; нека се вратат назад, нека се засрамат веднаш!

Псалми 6