Псалми 6:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. На пејачкиот началник, со осум-жичена свирка. Давидов псалм. Господи, не ме изобличувај во Својата лутина, ниту ме казнувај во Својот гнев.

2. Смилувај ми се, Господи, зашто сум изнемоштен, Господи, исцели ме, зашто моите коски треперат.

3. Исто и мојата душа е силно потресена; а Ти Господи до кога?

4. Врати се, Господи, избави ми ја душата; спаси ме заради Твојата милост,

Псалми 6