Псалми 59:2-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Избави ме од беззакониците, спаси ме од крволоците!

3. Зашто ете; ја дебнат мојата душа, силниците станаа против мене. Нема вина на мене, о Господи ни грев:

4. Без моја вина се нафрлаат врз мене. Разбуди се! Дојди ми на помош и погледај,

5. Господи, Боже над Воинствата, Израелев Боже! Подигни се, казни ги сите многубошци, немој да им се смилуваш на подлеците!

6. Навечер се враќаат, вијат како кучиња и трчаат по градот.

7. Гледај, како блуваат со устите; клеветите им се на устите и велат: „Кој нè слуша?”

8. Но, Ти им се смееш, о Господи, и им се ругаш на сите незнабошци.

9. О Сило моја, ќе се надевам на Тебе, зашто Ти си Боже, моја заштита,

Псалми 59