8. Нека исчезнат како полжав што се топи лазејќи, нека не видат сонце како пометнато новороденче.
9. Пред котлите ваши да го почувствуваат трњето, виорот нека го однесе додека е зелено.
10. Праведникот ќе се израдува кога ќе ја види одмаздата, нозете ќе ги измие во крвта на злосторникот.
11. И ќе речат луѓето: „Праведникот го доби својот плод! Навистина има Бог, Кој суди на земјата!”