Псалми 55:17-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Навечер, наутро и на пладне ќе плачам тажно, и Тој ќе го чуе мојот глас.

18. Ќе ми даде мир од оние што ме гонат: зашто се мнозина против мене.

19. Бог ќе чуе и ќе ги понизи, Оној, Кој царува од векови, зашто не се поправаат, не се бојат од Бога.

20. Креваат раце на пријателите, го нарушуваат својот завет.

21. Устата им е помека од маст, а срцето за војна спремно; зборовите понежни од масло, а тие се извлечени мечеви.

22. Довери Му ја на Господа сета своја грижа и Тој ќе те поткрепи: не ќе остави никогаш да се сопне праведникот.

23. А нив, Боже, фрли ги во гробната јама! Крвопијците и измамниците не ќе доживеат половина од дните! А јас се надевам на Тебе!

Псалми 55