Псалми 55:10-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Дење и ноќе кружат по ѕидиштата, беззаконија и неволји има во него.

11. Среде него: заседа, неправдата и подлоста не заминуваат од неговите улици.

12. Ако ме укореше непријателот, тоа би го претрпел; да се кренеше против мене оној, што ме мрази, би се скрил пред него.

13. Но, тоа беше ти, ти еднаков со мене, мој пријател, мој довереник,

14. со кого другарував слатко и одевме сложно во Божјиот дом.

15. Смртта нека ги најде одненадеж, нека слезат живи во Подземјето, зашто пакоста им е во живеалиштето и во срцето.

Псалми 55