Псалми 54:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началникот на пејачите. На жичани свирки. Давидова поука, кога дојдоа Зифеите и му рекоа на Саула: „Не ли се крие Давид кај нас.” Спаси ме, Боже, со Твоето име, и со Твојата сила извојувај ми правда!

2. Послушај ја, Боже, мојата молитва, и сослушај ги зборовите на мојата уста!

3. Зашто туѓинци станаа против мене и силниците го бараат мојот живот: го немаат Бога пред себеси.

Псалми 54