Псалми 51:9-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Заврти го лицето од моите гревови, избриши го сето мое беззаконие!

10. Боже, создај ми чисто срце, и постојан дух обнови во мене!

11. Не ме отфрлај од Твоето лице и не одземај го Твојот Свет Дух од мене!

12. Врати ми ја радоста на Своето спасение и поткрепи ме со слободен дух!

13. Ќе ги научам беззакониците на Твоите патишта и грешниците ќе Ти се обратуваат.

14. Ослободи ме од пролеаната крв, Боже, Боже, Спасителе мој! Нека мојот јазик се зарадува за Твојата правда.

15. Господи, отвори ги моите усни, и мојата уста ќе ја разгласува Твојата фала.

16. Не Ти се мили жртви, кога би принесувал паленица, Ти не би ја примил.

17. Смирениот дух е жртва на Бога, нема да го презреш, Боже, понизното и покајничко, срце.

18. Биди му милостив на Сион со Својата добрина, и пак изгради ги ерусалимските ѕидови.

Псалми 51