Псалми 51:3-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Зашто го признавам своето беззаконие, мојот грев е секогаш пред мене.

4. Тебе, само Тебе, Ти згрешив и направив што е зло пред Тебе: ќе бидеш праведен кога ќе проговориш, кога ќе пресудиш без прекорување.

5. Еве, грешен сум веќе роден, во грев ме зачна мојата мајка.

6. Ете, Ти љубиш искрено срце, ме учиш на мудрост во длабочината на душата.

7. Пороси ме со босилек, за да се очистам, измиј ме и ќе бидам побел од снегот!

8. Дај ми да чујам радост и веселба, за да се зарадуваат скршените коски!

9. Заврти го лицето од моите гревови, избриши го сето мое беззаконие!

10. Боже, создај ми чисто срце, и постојан дух обнови во мене!

Псалми 51