10. Боже, создај ми чисто срце, и постојан дух обнови во мене!
11. Не ме отфрлај од Твоето лице и не одземај го Твојот Свет Дух од мене!
12. Врати ми ја радоста на Своето спасение и поткрепи ме со слободен дух!
13. Ќе ги научам беззакониците на Твоите патишта и грешниците ќе Ти се обратуваат.
14. Ослободи ме од пролеаната крв, Боже, Боже, Спасителе мој! Нека мојот јазик се зарадува за Твојата правда.
15. Господи, отвори ги моите усни, и мојата уста ќе ја разгласува Твојата фала.
16. Не Ти се мили жртви, кога би принесувал паленица, Ти не би ја примил.
17. Смирениот дух е жртва на Бога, нема да го презреш, Боже, понизното и покајничко, срце.
18. Биди му милостив на Сион со Својата добрина, и пак изгради ги ерусалимските ѕидови.
19. Тогаш ќе Ти бидат мили праведните жртви, приноси и паленици, и тогаш ќе бидат принесувани телиња на Твојот жртвеник.