Псалми 5:2-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Чуј го гласот на моето викање, Царе мој и Боже мој, зашто Тебе Ти се молам!

3. Наутро го слушаш мојот глас; о Господи! Наутро ја испраќам мојата молитва кон Тебе и чекам.

4. Зашто Ти си Бог, Кому не Му е мило беззаконието; нечесниот нема да живее при Тебе;

5. ниту гордите ќе се одржат пред Твоите очи, Ти ги мразиш сите што прават беззаконие.

6. Ќе ги истребиш оние, кои зборуваат лага; Господ се гнаси од човек крвопиец и измамник.

7. А јас ќе влезам во Твојот дом, по Твојата голема милост; ќе се поклонам пред Твојот свет Храм, полн со почитување кон Тебе.

8. Господи! води ме во Својата правда, заради моите непријатели; израмни го Твојот пат пред мене.

Псалми 5