Псалми 49:7-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Човек не може никако да го откупи брата си, ниту да му даде на Бога откупнина:

8. цената на животот е превисока и никогаш не ќе ја плати,

9. за да може да живее довека и да не ја види гробната јама.

10. Зашто, и мудрите умираат, гинат и лудиот и безумниот; своите богатства им ги оставаат на други.

11. Во себе мислат; нивните куќи ќе останат засекогаш, нивните станови од колено до колено, иако ги наречуваат земјите со свои имиња.

12. Но човекот со сета своја слава не ќе трае. Сличен е на животните што гинат.

13. Таков е патот на оние што се надеваат напразно, таков е крајот на оние што уживаат во своите зборови.

14. Како стада се збираат во Подземјето, смртта им е пастир; а добрите ќе владеат над нив во утрото. Нивниот облик ќе биде уништен, Подземјето ќе им биде живеалиште.

15. А мојата душа Бог ќе ја истрга од кан?ите на Подземјето и ќе ме прими милостиво.

Псалми 49