Псалми 49:15-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. А мојата душа Бог ќе ја истрга од кан?ите на Подземјето и ќе ме прими милостиво.

16. Не бој се ако некој се обогати, и ако се зголеми имотот на неговиот дом:

17. кога ќе умре, ништо не ќе земе со себеси и неговото благо нема да слезе со него.

18. Ако се сметаше за среќен во животот, ќе се зборува дека ти беше добро!

19. И тој ќе дојде во собранието на своите татковци, каде не ќе ја види повеќе светлината.

20. Човекот кој живее неразумно, сличен е на животните што гинат.

Псалми 49