Псалми 48:8-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Што чувме, сега гледаме: градот на Господа на Воинствата, градот на нашиот - Бог Бог го зацврстува довека.

9. Си спомнуваме Боже, за Твојата благост, среде Твојот Храм.

10. Како Твоето име, Боже, така и Твојата слава стигнуваат до крајот на земјата. Твојата десница е полна со правда.

11. Нека се весели Сионската Гора, нека се радуваат Јудините ќерки заради Твоите судови!

Псалми 48