Псалми 48:4-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Зашто, ете, царевите се сложија, нападнаа заеднички.

5. Штом видоа, се зачудија, и збунети почнаа да бегаат.

6. Таму ги опфати трепет, како болки на родилка,

7. како кога источниот ветер, ги крши тарсиските бродови.

8. Што чувме, сега гледаме: градот на Господа на Воинствата, градот на нашиот - Бог Бог го зацврстува довека.

9. Си спомнуваме Боже, за Твојата благост, среде Твојот Храм.

10. Како Твоето име, Боже, така и Твојата слава стигнуваат до крајот на земјата. Твојата десница е полна со правда.

11. Нека се весели Сионската Гора, нека се радуваат Јудините ќерки заради Твоите судови!

12. Обиколете го Сион и поминете преку него, пребројте ги неговите стражарници!

13. Погледајте ги добро неговите утврдувања; разгледајте ги неговите дворци: за да им раскажувате на идните поколенија;

14. Таков е Бог, нашиот Бог засекогаш и довека! Тој ќе не раководи дури до смрт!

Псалми 48