Псалми 46:3-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Нека бучат и беснеат морските бранови, нека треперат планините од нивната жестокост:

4. Реката и нејзините струи го веселат Божјиот Град, пресветиот шатор на Сèвишниот.

5. Бог е сред него, нема да се разлулее; Бог му помага од првите мугри.

6. И да беснеат народите, и да се распаѓаат царствата, штом Неговиот глас загрми, земјата се растопува:

7. Господ на Воинствата е со нас, Јакововиот Бог е наша тврдина!

8. Дојдете, видете ги Господовите дела, какви чуда Тој направи на земјата:

9. Ги прекрати војните до крајот на земјата, ги крши лаковите и ги ломи копјата, ги изгорува колите со оган.

10. Молкнете и знајте дека Јас Сум Бог, возвишен над народите, возвишен над целата земја.

11. Господ на Воинствата е со нас, Јакововиот Бог е наша тврдина!

Псалми 46