Псалми 45:7-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Ти ја љубиш правдата, а го мразиш беззаконието, заради тоа, Господ, Твојот Бог, Тебе Те помаза со масло на радоста, како никого од Твоите другари.

8. На смирна, алој и касија мирисаат твоите облеки, од дворците, од слонова коска, Те веселат псалтири.

9. Царските ќерки се меѓу твоите почесни, оддесно ти е царицата во офирско злато.

10. „Слушај ќерко, погледај, прислушни: заборави го својот народ и домот на татка си!

11. Ако ја посака царот твојата убавина, поклони му се скромно, зашто тој е твој господар.

12. Тирската ќерка доаѓа со дар, народните првенци ја бараат твојата наклонетост.”

13. Целата слава на царската ќерка е внатре, нејзините облеки се везени со злато.

14. Ја доведуваат при царот во облека со шарен вез, придружба и се девици - нејзините другарки.

15. Со веселба и радост ги доведуваат, влегуваат во царскиот дворец.

Псалми 45