4. Јавни победнички во своето величие, заради вистината, кротоста и правдата, Твојата десница нека научува страшни нешта!
5. Остри се Твоите стрели, народи паѓаат пред Тебе, и царските непријатели ги напушта храброста.
6. Твојот престол, Боже, е до вечни векови, и праведен жезал - е жезал на Твоето Царство!
7. Ти ја љубиш правдата, а го мразиш беззаконието, заради тоа, Господ, Твојот Бог, Тебе Те помаза со масло на радоста, како никого од Твоите другари.
8. На смирна, алој и касија мирисаат твоите облеки, од дворците, од слонова коска, Те веселат псалтири.
9. Царските ќерки се меѓу твоите почесни, оддесно ти е царицата во офирско злато.
10. „Слушај ќерко, погледај, прислушни: заборави го својот народ и домот на татка си!
11. Ако ја посака царот твојата убавина, поклони му се скромно, зашто тој е твој господар.
12. Тирската ќерка доаѓа со дар, народните првенци ја бараат твојата наклонетост.”
13. Целата слава на царската ќерка е внатре, нејзините облеки се везени со злато.
14. Ја доведуваат при царот во облека со шарен вез, придружба и се девици - нејзините другарки.
15. Со веселба и радост ги доведуваат, влегуваат во царскиот дворец.
16. Твоите синови ќе ги наследат твоите татковци, ќе ги поставиш за кнезови на целата земја.