Псалми 42:8-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Дење, нека ми ја додели Господ Својата милост, а ноќе, ќе Го фалам, со молитвена песна, Бога на мојот живот.

9. Ќе му речам на Бога: „Стено моја, зошто ме забораваш? зошто обиколувам нажален, притиснат од непријателите?”

10. Коските ми се кршат од подигравката на непријателите, додека тие постојано ме прашуваат: „Каде е твојот Бог?”

11. Зошто си ми душо изнемоштена и зошто си жалосна во мене? Надевај се на Бога зашто пак ќе го славам мојот Спасител, мојот Бог!

Псалми 42