Псалми 42:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началникот на пејачите. Учење за Кореевите синови. Како што кошутата жеднее за изворните води, така мојата душа копнее по Тебе, Господи.

2. Жедна е мојата душа за Бога, за живиот Бог: О кога ќе дојдам и кога ќе го гледам Божјото лице?

3. Солзите ми се храна дење и ноќе, додека тие постојано ме прашуваат: „Каде е Твојот Бог?”

Псалми 42