Псалми 40:7-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Тогаш реков: „Еве, доаѓам! Во книжниот свиток пишува за мене;

8. мило ми е, Господи, да ја исполнувам Твојата волја, јас го носам Твојот закон длабоко во срцето.”

9. Ќе ја проповедам Твојата правда во големо собрание; и нема да ги затворам моите усни; о Господи, сè Ти е познато.

10. Нема да ја кријам Твојата правда во срцето, ќе раскажувам за Твојата верност и за Твоето спасение. Нема да ги тајам ни Твојата добрина, ни Твојата вистина во големото собрание.

Псалми 40