Псалми 4:4-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Треперете и не грешете; размислувајте во срцата, на вашите легла, и молкнете.

5. Принесете жртви на правда и надевајте се на Господа!

6. Мнозина зборуваат: „Кој ќе ни покаже што е добро?” Господи, осветли нè со светлината на Твоето лице!

7. Ми даде радост во моето срце поголема од нивната, кога им се раѓа изобилно жито и вино.

8. Спокојно ќе легнам, и ќе заспијам зашто само Ти, Господи, ми даваш да живеам во безбедност.

Псалми 4