Псалми 39:2-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Онемев, замолкнав, не пуштав глас дури и од доброто - болката ми стана погорчлива.

3. Срцето пламна во мене, при сама помисла избувнуваше оган; тогаш проговорив со мојот јазик!

4. Кажи ми го, Господи, мојот крај, и колкав е бројот на моите денови, за да знам колку сум ништожен.

5. Ете, со педа ми ги измери деновите, и векот мој е како ништо пред Тебе; вистина, секој човек што стои цврсто е суета.

6. Човекот поминува како сенка, суета е сето негово богатство, збира, а не знае кој ќе го земе!

7. А сега, на што да се надевам, Господи? Мојата надеж е во Тебе!

Псалми 39