Псалми 38:7-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Зашто мојата внатрешност гори, и нема здравје во телото мое.

8. Исцрпен сум и сосем сотрен, офкам од плачот на моето срце.

9. О, Господи, сите мои желби се пред Тебе, и моите повици не Ти се скриени.

10. Моето срце удира силно, силата ме остава, и гасне светлината на очниот вид.

11. Пријателите и другарите се отстранија од моите рани, и моите најблиски стојат далеку.

12. Ми поставуваат стапици, оние кои ми го дебнат животот, кои ми сакаат несреќа, ми се закануваат со пропаст и секогаш смислуваат измама.

13. А јас сум како глув и ништо не слушам и како нем, уста не отворам.

14. Станав како човек што не слуша и кој нема одговор во устата.

Псалми 38