4. Зашто беззаконијата на мојата глава ме надвишија, ме притиснуваат како претешко бреме.
5. Моите рани смрдат и гнојат заради мојата безумност.
6. Се згрбавив и се собрав, постојано скитам натажен.
7. Зашто мојата внатрешност гори, и нема здравје во телото мое.
8. Исцрпен сум и сосем сотрен, офкам од плачот на моето срце.
9. О, Господи, сите мои желби се пред Тебе, и моите повици не Ти се скриени.
10. Моето срце удира силно, силата ме остава, и гасне светлината на очниот вид.
11. Пријателите и другарите се отстранија од моите рани, и моите најблиски стојат далеку.
12. Ми поставуваат стапици, оние кои ми го дебнат животот, кои ми сакаат несреќа, ми се закануваат со пропаст и секогаш смислуваат измама.
13. А јас сум како глув и ништо не слушам и како нем, уста не отворам.
14. Станав како човек што не слуша и кој нема одговор во устата.
15. Зашто, о, Господи, на Тебе се надевам, Ти ќе ме услишиш, Господи, Боже мој!
16. Зашто реков: „Нека не се радуваат над мене; кога ногата ќе ми се сопне, нека не се креваат над мене!”
17. Зашто не пропаднав за малку, и мојата болка секогаш е пред мене.