14. Станав како човек што не слуша и кој нема одговор во устата.
15. Зашто, о, Господи, на Тебе се надевам, Ти ќе ме услишиш, Господи, Боже мој!
16. Зашто реков: „Нека не се радуваат над мене; кога ногата ќе ми се сопне, нека не се креваат над мене!”
17. Зашто не пропаднав за малку, и мојата болка секогаш е пред мене.
18. Јас ги признавам своите беззаконија, и полн сум со жалост заради својот грев.
19. А кои се против мене, без причина силни се, и мнозина се што ме мразат неправедно.
20. За добро ми враќаат со зло, ми се противат дека го барам доброто.
21. О Господи, не ме оставај! Боже мој, не оддалечувај се од мене!
22. Побрзај ми на помош, Господи, Спасителу мој!