9. Зашто злосторниците ќе бидат сотрени, а кои се надеваат на Бога, ќе ја наследат земјата.
10. Уште малку и ќе го снема безбожникот, ќе го бараш неговото место, а него веќе ќе го нема.
11. Кротките ќе ја наследат земјата, тие ќе уживаат во изобилен мир.
12. Безбожникот му смислува зло на праведникот и со забите чкрта на него.
13. А Господ му се смее, зашто гледа дека доаѓа неговиот ден.
14. Безбожниците истргнуваат меч и оптегнуваат лакови, за да ги оборат немоќните и бедните, да ги заколат оние, што одат по прав пат.
15. Со мечот ќе го прободат сопственото срце, ќе се скршат нивните лакови.
16. Подобро е и малку на праведникот, отколку големо благо на многу безбожници.
17. Зашто рацете на злотворот ќе се скршат, а Господ е поткрепа на праведникот.