Псалми 37:8-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Стивни го својот гнев и остави ја лутината, не се дразни за да не направиш зло.

9. Зашто злосторниците ќе бидат сотрени, а кои се надеваат на Бога, ќе ја наследат земјата.

10. Уште малку и ќе го снема безбожникот, ќе го бараш неговото место, а него веќе ќе го нема.

11. Кротките ќе ја наследат земјата, тие ќе уживаат во изобилен мир.

12. Безбожникот му смислува зло на праведникот и со забите чкрта на него.

Псалми 37