Псалми 37:31-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

31. Божјиот закон му е во срцето, неговите чекори не се колебаат.

32. Грешникот го демне праведникот и бара да го убие;

33. но Господ нема да го остави во негова власт и не ќе допушти да го осудат на суд.

34. Надевај се на Господа и држи се за Неговиот пат; Тој ќе те возвиши и ќе ја наследиш земјата; радосно ќе ја гледаш пропаста на безбожните.

35. Видов бесен злосторник, како се шири како разгранчен кедар.

36. Поминав и ете - го нема веќе; го побарав, и не го најдов.

Псалми 37